Директорот на Македонски железници, Дејан Кошутиќ во гостувањео во емисијата Утринско еспресо на Радио Лидер се осврна и на популарните цени на Градскиот воз, како и состојбата во која ја затекнале компанијата.
-Локалните центри дополнително ќе се развијат, а популарни се цените на Градскиот воз – 40 денари во еден правец и 70 повратен, а 1040 денари месечно. Ја затекнавме Железница во девастирана состојба, минативе две години успеавме да ја стабилизираме. На 15 различни паралели работиме, многу брзо ќе имплементираме нов софтвер, бидејќи железница функционира уште на виндоус 97 софтвер. Изминативе две години како прв човек на железници транспорт имав визија и план кој го терав, истакна Кошутиќ.
Тој се осврна на критиките во изминативе 24 часа од официјално пуштање во употреба на Градскиот воз, велејќи дека поради вчерашното невреме предизвикало прекин на струја и десетминутна пауза во обраќањето на возот. Во однос на возниот ред Кошутиќ рече дека ќе биде усогласен за потребите на граѓаните.
По Градскиот воз се работи на студија за реконструкција на линијата Скопје-Тетово-Гостивар. Првиот човек на Железниц го истакна растот на карго сообраќајот и тоа 99 осто по коридор 10, а 34 осто на реалација Скопје-Пиреја.
