Скопјанка настрадала откако паднала во шахта на еден од најфренкентните булевари во Скопје – Партизанска. Била примена на болничко лекување.
– На 12.05.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(47) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при пад во шахта на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, инфорормираа од МВР.
Извршен е увид на местото на несреќата.
