На 07.05.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријави дека на 06.05.2026 околу 18:00 часот во дом на подрачјето на Чаир во Скопје, по претходна расправија, била физички нападната од 33-годишна жена од Скопје, при што ја снимила со мобилен телефон.
Претходно, на 06.05.2026 и 33-годишната жена пријавила дека околу 18:45 часот била физички нападната од 37-годишната жена.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.
