Улрих Хартман вели дека Пандев во Македонија е гледан како иден претседател на ФФМ и тоа е нешто кое треба да се случи.
– Пандев во Македонија и икона. Нешто како Пеле или Кројф. Тој ја заврши кариерата во репрезентацијата, пред мечот од Холанѓаните доби дрес со бројот 122, колку што има настапи за Македонија, нејзин најдобар стрелец е, веќе од поодамна фудбалер со најмногу настапи во историјата. Сега се мисли дали да продолжи со Џенова, а договорот му завршува. Безмалку целата кариера ја мина во Италија, во 2010 година беше европски првак со Интер, а во Македонија го гледаат како иден претседател на ФФМ. И тоа треба да се случи, зашто ќе биде ефективна терапија за болката со разделбата од репрезентацијата, пишува меѓудругото новинарот на „Зидојче Цајтунг“, Улрих Хартман.