Жителите на Гази Баба , на социјалните мрежи му пишаа отворени писмо на градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, откако тој не сакал ниту да ги прима, ниту дали ги ислуша за проблемите во општината.
Во продолжение писмото на жителите
Отворено писмо до градоначалник Борис Георгиевски
Во последните денови, се забележуват неколку возила кои вршат градежни работи во нашата општина односно во населба Ченто, што во последните 3 години, поголема беше веројатноста да се видат НЛО објекти, отколку возила од општината.
Писмото кое го пишувам, е поради тоа што градоначалникот има ангажирано багер и две камиони кои што го обработуват училишниот двор на ОУ 25 мај подрачното училиште, а притоа нема никаква табела за информација, кој е инвеститор, кој е изведувач, што ќе се изгради, времетраење итн. што е ПРОТИВЗАКОНСКИ.
Од другата страна Борис Георгиевски на неговата фан страна на Фејсбук, промовира отворено спортско игралиште (кое веќе постои), која ќе биде на 1 метар од дворот на мојата станбена куќа (и тоа не само до мојата), или 6 метри до самата куќа. А на местото на веќе постоечкото игралиште, детска градинка на самиот главен најфреквентниот пат од ова подрачје.
Би сакал јавно да го прашам “градоначалникот”, бидејќи во неколку наврати он неможе да додели време да ги слуша “своите” граѓани, дури неможе да најде време да одговара и на емаил и на жалбите кои се пратени до сите субјекти на општина Гази Баба.
“Градоначалниче”
• која е логиката да изградите градинка на главна улица, кои по сите стандарди, не постои ваков пример никаде на светот?
• дали сте помислиле дека спортско игралиште на скоро залепени станбени објекти претставува нарушување на мир и спокој, кој е ЗАГАРАНТИРАН со устав и за тоа вие можете да одговарате на суд, или вас ве интересират само вашиот најблизок круг и победа на изборите?
• Зошто дополнителни трошоци за изградба на ново игралиште, или тоа значи и нов тендер?
• и зошто ве немаше последните 3 и пол години па баш сега месец дена пред избори почнавте со ова кампања?
Се надевам дека ова писмо ќе допре до свеста и совеста на градоначалникот, со прекинување на дислокација на спортското игралиште и на тоа место да се изгради градинката, за мир и спокој и на граѓаните но и на децата кои по план и програма во текот на денот спијат во градинката.