И СУДОТ СЕГА ИМА ПУТЕР НА ГЛАВАТА – ЉУПЧЕ НИКОЛОВСКИ СЕКСИСТИЧКИ НАВРЕДУВАШЕ АДВОКАТКА ВО СУДНИЦА, напиша на социјалните мрежи главниот и одговорен уредник на Радио Лидер,  Љупчо Златев.

Во продолжение неговиот став

Очигледно е дека рурално – фрустрираната клика на власт ја контролира работата на судовите па оттука меѓународните извештаи за корупција и влијание врз судовите се покажуваат како целосно точни. Имено, министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска сексистички ја омаловажувал мојата адвокатка Ruzica Nikolovska , во случајот во кој таа ме брани од него.
Имено, имав еден прилог во кој разоткрив како соработници на според мене криминалецот Љупчо Николовски шверцувале тутун во Македонија, па за тој прилог министерот ме тужи за клевета.
Симптоматично, но, судот рочиштето го имаше закажано за во 9:00 часот утринава кога имам емисија на радио, што значи судот сака да ме цензурира и наместо да закаже половина час подоцна, не дозволуволи рочиштето од ова утро да се одложи.
Да повторам, судот ми го спречува правото на правично судење со самото тоа што ме спречува да присуствувам на моето судење кога е присутен Љупчо Николовски кој на рочиштето наместо да одговара на прашањата на мојата адвокатка, зборувал колку бил успешен како министер. Ми спречија мене да поставувам прашања а ги избегнувале прашањата од адвокатката
Да биде кафкалијанската гнилост уште пострашна, на судењето министерот почнал сексистички да ја навредува мојата адвокатка, со зборови кои ми е срам да ги напишам овде.
Каква гнаса, каков срам за општеството е овој деликвентен нус продукт на трулежот, проценете сами!
Затоа што очигледно судот не може да ми обезбеди правично судење од овој болшевик, на следното рочиште од наведените причини ќе побарам судењето да сопре и без да признаам вина на Љупче Николовски да му ги платам бараните 1000 евра.
Ќе му ги платам на злоупотребувачот овие пари. Само да престане ова лудило и да не страдаат недолжни луѓе како мојата адвокатка.
Во исто време, фрустрираниот Љупчо може да ме тужи и за овој статус, иако живеам скромен живот, ќе му ги платам и тие пари. СЛОБОДАТА ОЧИГЛЕДНО ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ЦЕНА, ЦЕНА КОЈА СУМ ПОДГОТВЕН ДА ЈА ПЛАТАМ!!!, напиша Златев