Професорот Гордан Калајџиев смета дека фрлањето на македонското знаме од страна на македонската претставничка на „Евровизија“ беше ненамерно, но смета и дека ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината.

Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето, второ тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме“ и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината и четврто, сите се јаки патриоти на прсти, а инаку „многу на број, малку за бој!”, вели тој.