Сепак, последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека водостоите на реките се малку покачени или исти како вчерашните.
Ист водостој како вчера имаат и трите природни езера со тоа што нивоата на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 24 сантиметри кај Охридското и за 1,52 метри кај Преспанското Езеро, кое за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,83 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.