Авторите на Глобалниот барометар за корупција – извештај на ЕУ – велат дека наодите се загрижувачки во поглед на подготвувањето на заедницата да одвои милијарди евра за постпандемиско закрепнување.
Најголем удел на луѓе кои велат дека платиле мито за да обезбедат здравствена услуга има во Романија (22 отсто), следува Бугарија (19 отсто).
Помалку од 20 отсто од жителите на Данска и Финска сметаат дека владината корупција е голем проблем во нивната земја. Но, над 85 отсто од Бугарите, Хрватите, Кипарците, Италијанците, Португалците и Шпанците се на спротивно мислење.
Во ниту една земја не преовладува ставот дека корупцијата се намалува. Најпозитивен е резултатот во Словачка, каде така мислат 39 проценти од населението.