Познатиот бугарски диригент Најден Тодоров ќе диригира на концертот.
Како што јави дописникот на МИА од Бугарија, Трпчески во салата „Бугарија“, освен со Софиската филхармонија, ќе свири и со неговиот сонародник виолинистот Александар Капоски од Операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур.Тие ќе изведуваат троен концерт на Јохан Себастијан Бах.
-За време на концертот ќе биде изведен музичкиот проект „Македонисимо“ со македонска народна музика, изјави Трпчески во Софија за МИА.
Според него, културата е оној вечен мост, кој може да ги обединува луѓето и да им биде потпора во тешките моменти, која ќе им дава сила да продолжат напред.
Според неофицијални податоци на концертот се очекува да присуствуваат министрирте за култура на Македонија Ирена Стефоска и на Бугарија Велислав Минеков.
Во саботата вечерта во Културно-информативниот центар во Софија, Трпчески изведе една од познатите македонски песни.