Европската унија не ги признава талибанците, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и посочи дека ЕУ не води политички разговори со милитанти.
-Многу добро слушаме што велат талибанците, но ќе им судиме според нивните постапки, рече Фон дер Лајен по посетата на прифатниот центар во Мадрид за евакуирани Авганистанци кои работеа за институциите на ЕУ во Кабул.
Британските медиуми пренесуваат дека шефицата на ЕК кажа дека ќе побара поголема хуманитарна помош од 57-те милиони евра, колку што ЕК годинава определи за Авганистан.
Таа кажа дека помошта од ЕУ е насочена кон почитување на човековите права, добар третман на малцинствата и почитување на жените и девојчињата.