Унгарската полиција изминатиот ден уапси дури 400 илегални мигранти кои беа пронајдени на територијата на соседната земја.
Најголем број мигранти беа уапсени во две окрузи што граничат со Србија-227 лица во градови и села во округот Бач-Кискун и 124 лица во округот Чонград-Чанад.
Повеќето од уапсените кои не можат да го докажат својот легален престој во Унгарија се Сиријци и Авганистанци, а имало и државјани на Индија, Пакистан, Тунис, Јемен, Камерун, Алжир, Либан, Мароко, Палестина, Турција, Египет и Либија.
Во согласност со унгарските прописи, полицијата, по сослушувањето, ги спроведе илегалните мигранти до оградата на унгарско-српската граница.
Вчера унгарската полиција уапси и девет лица кои криумчареле мигранти, против кои беше покрената кривична постапка за трговија со луѓе.