Податоците за болеста, следени од Ковид-19 тракерот на Њујорк тајмс, покажуваат дека просечниот број во периодот од 31 август до 5 септември се искачил до нивото од крајот на јануари.
Истовремено, вкупниот број на Ковид-19 случаи во САД во понеделник ја надмина бројката од 40 милиони, додека повеќе од 648.000 луѓе починале како резултат на болеста.
Расте бројот и на смртни случаи во текот на една седмица до речиси 1.400. Ова ниво на морталитет претходно се набљудуваше во март, кога тој показател се намали по јануарскиот максумум.