За пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низ брдо, а народот да страда, објави на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
z
Тој во објавата не споменува дека има парламентарно мнозинство ниту пак дека има намера да поднесе оставка како што вети.
Ова е прва негова објава по локалните избори.
Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите.
Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.
Нашата кауза е и граѓанска и државничка.
Знам дека позади таа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници.
Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности, напиша Заев