Според порталот Далмација Данас, морето ја сменило бојата поради пороите на Хвар.
За само еден час во градот Хвар наврнале 90 литри дожд на метар квадратен, а во последните 24 часа над 120 литри, што е повеќе од просечната количина на врнежи што паѓа во ноември, објави порталот Index.hr.
„Имаме многу проблеми со водата. Гаражите ни пловат, се е полно со вода“, изјави за „Далмација Данас“ командантот на доброволната противпожарна бригада Хвар, Никола Шкаре.
„Ние непрекинато пумпаме, а дождот не престанува. Проблемот е што телефоните се расипани, за тоа ја известивме и полицијата“, додаде тој.
Освен обилните врнежи, проблем на Хвар се и силните грмежи кои предизвикаа голема штета на електрониката.
Од удари од гром е причинета значителна материјална штета бидејќи изгореле бројни електрични уреди, а дел од просторот останал без телефон.
Околу 14 часот и 15 минути пожарникарите побрзале да интервенираат во месноста Крижни стаорец, каде удар на гром предизвикал пожар во покривот на семејната куќа.
Како што изјави за Далмација денес командантот Никола Шкарпа, интервенцијата е во тек, а според првите информации нема повредени.