Стануваат ли граѓаните кои не гласаа за власта најголемото зло од кое премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев се плаши и бара обединување и мобилизација на социјалните мрежи? Последниот статус на Заев ја разбесни јавноста, но бурно реагира и експертската јавност. Социологот и универзитетски професор Илија Ацески за „Алфа“ вели дека ова е класично мајтапење ама на повисоко ниво. Со ваквото однесување Заев урива се што направил во изминатите години, па и довербата кај народот. Кога вие ќе кажете зло за партиски противник тоа значи дека сте ги исцрпеле сите можни средства за борба, вели Ацески.
Станува збор за една конфузна изјава. Кога вие ќе кажете зло за партиски противник тоа значи дека сте ги исцрпеле сите можни средства за борба, а другиот е злочинец, па прашањето е што треба да се случува со него, да го снема? Македонија западна во лингвистичка криза во која не се бираат зборови. Дали оние кои не гласале за СДСМ се злочинците на кои се обраќа премиерот Заев? Ова е класично мајтапење ама на повисоко ниво. Со ваквото однесување Заев урива се што направил во изминатите години, вели професорот.