Поради повреда тој нема да може да смета на Аријан Адеми кој сигурно нема да биде во комбинација за првите два натпревари со Романија и Лихтенштајн, а медицинскиот тим ќе се обиде да ја санира повредата и тој да биде дел од дуелот со Германија.

Адеми се повреди на мечот од Лига Европа против Тотенхем во кој Динамо Загреб успеа да забележи историска победа и да се пласира во четврт-финалето.