Во текот на вчерашниот ден во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената,санкционирани се 661 возач.
– Од нив, 50 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 278 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 383 надвор од населено место, соопштија денеска од МВР.