Штрајкот во Обвинителството ќе продолжи. Од УПОЗ велат дека добро е што е формирана работна група за да се решат нивните барања, но дека преговорите не смеат да се одолжат.

Рекоа дека очекуваат работната група да почне да работи за седум дена и дека на првата средба ќе бараат дефинирање рокови, односно работната група да си ја заврши својата работа за десет дена.

„Доколку не ги прифатат нашите барања, штрајкот ќе продолжи во поригорозен начин и нема да се работат никакви задачи во Обвинителството. Ако не се договориме, очекуваме да ни се приклучат и колегите од судовите и колегите од правобранителството“, рекоа од УПОЗ.

Остануваат на своите барања за покачување на платите од 78 проценти и им порачуваат на надлежните институции сериозно да ја сфатат ситуацијата.