Опозициската Алтернатива бара од лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, да даде оставка или да го разреши министерот за информатичко општество, Азир Алиу, бидејќи како што обвинуваат тој си го вработил зетот за шеф на кабинет во Министерството.

Од партијата велат, податоците на Министерството за информатичко општество и администрација покажуваат дека Дритан Даути е вработен како посебен советник, односно шеф на кабинетот на министерот Алиу.

„Бараме од Таравари да си го одржи ветувањето и да даде своја оставка или пак да го разреши министерот Алиу“, велат од Алтернатива.

Од партијата бараат Државната комисија за спречување корупција да отвори предмет за овој јасен случај на непотизам. Алијанса на Таравари најави реакција за подоцна.