Зоран Љутков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Охрид на тема култура и туризам посочи дека во последните шест, седум години нема некоја култура, бидејќи сите министри си тераат некоја своја политиката во областа на културата.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш ја става како главен столб културата. Кога ќе правам некоја компарација меѓу што направило ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Се изгради нов објект на МНТ, објект на Филхармонија, Археолошки музеј на Македонија, објект на Музеј на македонската борба за државност и независност, нов театар во Велес, Спомен куќа на Мајка Тереза, нов објект на Турски театар и како оставивме така и остана сега нешто почнаа да работат како им доаѓа крајот. Ова се големи инфраструктурни објект. Сега не само што нема изградено, туку и тие направените не се одржуваат. Седма година сме сведоци дека нема никакво подобрување“, рече Љутков.
Според Љутков не само објекти нема ни мерки.

„Нема нов закон за култура, нема нова стратегија, а претходната која заврши лани не е реализирана“, кажа Љутков.

Љутков информираше дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните избори е многу богата, со многу добра стратегија за развој.

„Тоа ќе ги врати уметниците на својата позиција, тоа е многу важно. Ќе инвестираме во креативните културни индустрии. Тоа значи дека културата мора да стане профитабилна активност“, вели Љутков.