Како што објавија медиумите, но и од информациите од Државната комисија за спречување на корупцијата, една од фирмите донатори на ДУИ е и „Евровиа“, која од една страна добива тендери од ДУИ, а од друга страна се претставува како донатор на оваа партија. Тоа укажува дека има нешто сомнително во овие финансиски извештаи и тоа секако беше причина што и Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет, соопштија денеска од Алтернатива.
„Јавноста беше информирана дека токму оваа фирма добила тендер од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во вредност од 1,8 милиони евра, а од друга страна токму таа се појавува како донатор на Демократската унија за интеграција. Логиката вели дека сумите што Бујар Османи ги дава со лева рака, ги собираат заедно со Али Ахмети со десна рака.
За нас тоа не е ниту изненадување, ниту новост, но за јавноста, која можеби веруваше во убавиот наратив на интеграцијата, веќе е јасно дека агендата на оваа партија не е ниту интеграцијата, ниту ЕУ, туку само валутата на Европската унија.
Како и да е, додека секојдневно се појавуваат скандали за корупцијата во кои е втурната оваа партија, станува се поизвесно дека ДУИ е во слободен пад и дека го собира последниот арач, за да заврши во опозиција, а многу нејзини експоненти и во затвор.
АлтернАтивА уште еднаш изјавува дека името на корупцијата не е само СОРАВИЈА, ниту само ЕВРОВИА, туку токму ДУИ и дека без да се искорени оваа пајажина проткаена со години, Северна Македонија не може да направи ниту еден чекор кон ЕУ, додека Албанците во оваа земја остануваат заложници на политичарите на оваа партија, кои се заложници на фиоките со страшни случаи на политичка корупција“, се додава во денешното соопштение.