Како што пишува „Њујорк тајмс“, органот функционира нормално.
Според директорот за трансплантологија, Роберт Монтгомери, кој ја предводел операцијата, бубрегот бил трансплантиран на маж, при мозочна смрт.
– Новиот орган почна да произведува „речиси веднаш, урина и други отпадни производи, рече докторот.
Според него, генетски модифицираните свињи може да станат „постојан и обновлив извор на органи“ за луѓето.
– Ова е огромен чекор напред. Исклучително големо достигнување. Но, сепак треба да научиме повеќе за времетраењето на пресадениот орган, вели професорот вклучен во испитувањата.