Американските државјани треба да го напуштат Иран веднаш

Американските државјани треба да го напуштат Иран веднаш поради сериозни безбедносни ризици, вклучувајќи тероризам, немири, киднапирања и незаконско притворање.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се изложени на „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“.

Заминувањето мора да се организира самостојно

Стејт департментот посочува дека граѓаните мора сами да си го организираат заминувањето, бидејќи американската администрација не може да им помогне поради тоа што САД нема амбасада во Техеран.

Предупредувањето е издадено во време кога САД и Иран преговараат за нуклеарната програма на Техеран. За преговорите во Оман досега се знае дека министерот Сајад Бадр Албусади остварил одвоени средби со иранската и американската делегација, соопшти Министерството за надворешни работи на Оман.