Уште еден срам од Владата на Зоран Заев на меѓународна сцена. Зоран Заев е опоменат од Стејт Департментот на САД.

Владата на Зоран Заев гонела новинари затоа што објавиле доверливи податоци за скандалот Рекет и за други случаи. Прогонот на неистомислениците се однесува на случаи каде е откриено дека високи функционери на владејачката партија СДСМ се вмешани во скандалот Рекет и во изнудувањето пари.

Понатаму, овие новинари зборуваа за партиско-политички пресметки кај вработен во МВР кој не беше примен на работа во АНБ затоа што неговиот татко е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се опоменати дека работат како шалтери за придобивки. Партиските членови на СДСМ ги прескокнуваат образовните и професионалните законски пропишани критериуми за позициите во јавната администрација. И очекувано е дека САД забележува и дека државни службеници од власта се дел од коруптивни активности.

И покрај лажните пи-ар заложби на Заев и Маричиќ за реформи во судството, Стејт Департментот вели, цитирам: Пoстојат примери на погрешно судиско однесување, прекумерниот притисок врз судиите, одложуваната правда и несоодветното финансирање на правосудството кои и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и влијаат врз јавната доверба во правосудството. Судството останува подложно на политичко влијание и со слаба доверба од јавноста.

Ова претставува голем удар за кредибилитетот на Македонија во меѓународни рамки. Кога ваков став за вас има нашиот стратешки партнер, сите лаги и манипулации на власта дека блескаме, паѓаат во вода.

Затоа е време за промени. Време е Македонија да стане кредибилен и почитуван партнер, и пример во регионот.

Прашање: ВМРО-ДПМНЕ реагираше на испраќањето на Фрчкоски како амбасадор во САД, сега гледаме откако не е прифатен, владата го номинира за амбасадор во ОН, ваш коментар?

– Очигледно дека Заев нешто му должи на Љубомир Фрчкоски за одработеното. И секој политичар, а особено оние кои се плаќаат од парите на граѓаните при аплицирање за една ваква сериозна функција, треба да ја покажат својата биографија. За жал, биографијата на Фрчковски ја знаеме, тоа е познат факт. Фрчкоски е човек кој кодошел други луѓе во комунистичкиот режим за своја корист. Според српскиот криминалец Љубомир Магаш, Фрчкоски беше посочен како учесник во шверцот со нафта и цигари при распадот на Југославија во 90 тите. Од неговата биографија е познато дека е познат тепач на неистомисленици, на студенти и жени и можеби најважна квалификација е тоа што тој е познат по говор на омраза и навреди кон неистомислениците, особено политичките неистомисленици. Ова претставува срам и непочитување прво кон ОН, а потоа и кон нашиот стратешки партнер САД, одговори Андоновски.

Прашање: Баравте декласификација на информациите за вакцинирани граѓани дали власта тоа го направи?

– За жал не е направено. Декласификацијата на информациите кој се има вакцинирано не е достапна за јавноста, а тоа не води кон сомнение дека се уште се кријат податоците, а постојат сомненија дека можеби високи функционери на власта се вакцинирале преку ред, без да ги почитуваат тие стандардизирани правила и прескокнувајќи го местото на некој граѓанин кој треба да се вакцинираат кои се во тие заштитени групи или имаат болести или се повозрасни. Апелираме, доколку нема што да се крие владата уште денеска да ги декласифицира овие информации и да ги сподели со јавноста, а доколку не ги сподели ќе сметаме дека сериозно ги кријат податоците, вели Стефан Андоновски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.