Јавниот обвинител Антонио Јолевски, на функцијата член на СЈО дојде од Основното јавно обвинителство на Битола. Во 1983 година се вработил во Окружен суд Битола, каде бил приправник и раководител на писарницата. Од 1996 распореден во Апелациониот суд Битола како стручен соработник и судски советник, а од 2002 година како раководител на сектор – секретар на судот. Во 2003 година е избран за заменик Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Битола. Во 2012 година е избран за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола. Од 2018 како јавен обвинител во ОЈО Битола. Во 2020 година е избран Член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Антонио Јолевски избран за нов претседател на Советот на јавни обвинители
А
Следните две години претседател на Советот на јавни обвинители (СЈО) ќе биде јавниот обвинител Антониот Јолевски. Ова е одлучено на денешната 32-ра седница СЈО на Република Северна Македонија, односно за Јолевски гласале сите 11 члена на советот. Освен Јолевски, друг кандидат за претседател на СЈО не бил пријавен.