Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ вчера ги откажа своите машки ревии во Милано и Париз поради загриженост за безбедноста на учесниците. Во соопштението се наведува дека компанијата жали за ваквите одлуки, но тие се донесени поради влошената состојба со коронавирусот во светот.
– Модните ревии се многу важни и незаменливи можности за претставување нови колекции, рече основачот на брендот и моден дизајнер Џорџо Армани, објаснувајќи дека безбедноста на учесниците, вработените и посетителите, е приоритет на неговата модна компанија.
Компанијата објави дека ќе ги откаже машките ревии на претстојните два настана во јануари.