Преку бесплатниот јавен превоз средствата кои што се дадени на чување од граѓаните на градот Скопје ќе бидат вратени кај граѓаните. Ваков тип на јавен еколошки превоз ќе значи почист воздух, ќе значи пред се и намалување на користењето на автомобилите, истакна независната кандидатка за градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, во однос на проектот бесплатен јавен еколошки превоз, во вечерашното гостување на телевизија Шења.
„Бесплатниот јавен превоз е возможен за реализација бидејќи го има како примери насекаде низ светот. Јас сакам средствата кои што се дадени од граѓаните на чување во градот со можност истиот да располага со нив, да бидат вратени кај граѓаните”, кажа Арсовска.
Таа посочи дека е потребна понуда за квалитетен јавен превоз и токму затоа потребно е да се набават нови еколошки автобуси.
Граѓаните не треба да добијат само удобност и квалитет во јавниот превоз, туку потребно е да добијат квалитет во животот, а тоа е здравјето пред се. Ваков тип на јавен еколошки превоз ќе значи почист воздух, ќе значи пред се и намалување на користењето на автомобилите поради тоа што ќе има бесплатен и еколошки јавен превоз”, рече Арсовска.
Таа истакна дека реализацијата на бесплатен јавен еколошки превоз е можно доколку имате систем, визија и секако добар план.