-Пред насобраните жители дури и на дождливо време, Арсовска се обврза дека од првиот ден како градоначалник ќе даде налог да се утврдат сите проблеми, слабости и недостатоци и за нив да дадат решенија. “Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз и игралишта за најмладите мора да има секое населено место во и околу Скопје. За тоа нема компромис. Во Шуто Оризари има суштински проблеми од 20тиот па дури и од 19тиот век, кои одамна требаше да бидат зад нас, истакна Арсовска.

Арсовска дополни дека во програма има конкретни проекти, кои се брзи и сигурни решенија за старите проблеми на Шуто Оризари.

-Ќе се посветиме на проширување на Македонско-косовска бригада од Чаир кон Шуто Оризари. Ќе обезбедиме побрзо и побезбедно патување од и до Шуто оризари, Чаир и Бутел. Проширување и продолжување на булевар Словенија до Ѓорче Петров, е исто така еден од приоритетите. Од Шуто Оризари, повторно ќе покажеме дека Скопје се грижи за сите свои граѓани. Дека никој не е заборавен. Се обврзуваме да најдеме инвеститор за базен во Шуто Оризари. Градот ќе изработи проект за изнаоѓање партнери за изградба на базен и во овој дел на Скопје, потенцираше независната кандидатка.

Арсовска уште дополни дека предвидено е зголемување и проширување на субвенциите и помошта за поставување енергетски ефикасни фасади, печки на пелети, соларни и фотоволтаични панели, инвертер клими и топлински пумпи за индивидуалните и колективни домаќинства.