Потенцијалите на Водно ќе се искористат, а автомобилите нема да имаат пристап до парк шумата.
Потребна е промена од корен, а ние веќе имаме проекти за чија што реализација ќе бидат ангажирани сите здруженија и невладини организации што работат на заедничка мисија, за промоција на здравиот начин на живот и промоција на спортските потенцијали кои ги има нашиот град.
На денешната средба со I love hiking – group Macedonia се договоривме дека сите решенија ќе ги креираме заеднички преку формирање на работен комитет од здруженија и експерти кои ќе работат на сеопфатна заштита на Водно. Ќе воспоставиме континуирана соработка, со цел поддршка и промоција на алтернативниот туризам во Скопје, но и во креирањето јасен план за гаранција за чисто и зелено Водно, напиша на Фејсбук, кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.