– Втората работа за која за жал не ми беше дозволено во судницата до крај да ја кажам, а тоа е изземање на овој судија поротник, причината веќе е јасна можевте да видите и на дел од медиумите кои објавија, а тоа дека господинот Митко Сандев е член на тело на политичка партија, така да доведува до тоа дека тој може да делува со одредена пристрасност. Тоа во законот за кривична постапка е предвидено во Член 33 практично е причина за изземање, една од причините е судија поротник кој може да биде иземен од вршење на судска должност покрај причините наведени во ставот 1 од овој член, ако постојат околности кои предизвикуваат сомневање во негова пристрасност. Ова е повеќе од доволна причина за негова пристрасност, тоа е членувањето во политичката партија која е во коалиција со власта. Она коешто е поважно е ние почитувајќи го овој суд и почитувајќи ги судиите во постапката којашто ја водат бараме почитување на законот, а тоа е да прекине мандатот односно функцијата на господинот Митко Сандев заради навршени 60 години. За жал се уште претседател на судот Иван Џолев кој сметаме дека главниот извршител на Зоран Заев во вој суд нема поднесено иницијатива иако господинот Митко Сандев има навршено 60 години, до Републичкиот судски совет за престанок на мандатот и веќе повеќе од јасно е дека се работи за политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Ова се две причини коишто се и повеќе од доволни за да господинот Митко Сандев има прекин на својата функција и да биде земенет со нов поротник за да може и понатаму да продолжи судењето за овој предмет. Ние го почитуваме законот, но истиот вели дека Митко Сандев не може повеќе да биде судија поротник во оваа постапка. Како што реков причините веќе се јасни, порача Арсовски.
Но, наспроти законите кои ги цитираше Арсовски, очигледно е дека судот одлучува да продолжи да постапува противзаконски.
– Очигледно е дека Иван Џолев ги слуша наредбите на Зоран Заев да се врши сè уште притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку овие судења, а главниот притисок е што во моментов заради овој случај е замрзнат имотот на партијата. Како што знаете, следуваат локални избори, на кои на Заев му е важно ВМРО-ДПМНЕ да биде со врзани раце во однос на ресурсите. Затоа сметаме дека главниот виновник кој што не го почитува законот е Иван Џолев кој е претседател на Основниот суд и тоа е една од причините што најверојатно сака да прикаже некоја колаборација со власта дека за одредено време треба да има нов оглас за реизбор на претседател на судот и претпоставуваме дека тој најверојатно сака да одработи за да биде повторно реизбран. Но, како што рековме ова не се политички игри, ова е многу посериозно и посилно од замислите на Иван Џолев и Зоран Заев и треба да се почитува законот. Ние како политичка партија, јас како нејзин претставник го испочитувавме законот до крај, ги испочитувавме судиите кои што го водат оваа судење, влеговме во салата, присуствувавме и побаравме да биде прекинато рочиштето, но и целата постапка се до моментот додека не се замени судијата поротник Митко Сандев. Но, очигледно не бевме послушани. Така што уште еднаш апелираме до Иван Џолев да ја поведе таа иницијатива за престанок на мандатот до Републичкиот судски совет за Митко Сандев од едноставна причина затоа што може да одговара за непостапување, затоа што тоа е законска обврска која што треба да ја направи, а за жал свесно го втурнува и Митко Сандев во кривично дело со тоа што не го почитува законот, истакна Арсовски.
Дополнителен притисок е и високата парична казна која судот ја изрекува за правен субјект, партијата ВМРО-ДПМНЕ, а продолжуваат со незаконито делување што налагаат наместо овластен претставник од партијата како што тоа е случај со Арсовски, сега партијата да ја застапува адвокат.