Борис Станковски од ОО СДСМ Куманово на затворениот дел од Конгресот на СДСМ, посочи дека состојбите ескалираат во партијата и раководството го елиминира градоначалникот Максим Димитриевски од Централниот одбор.

– Дали поради тоа што градоначалникот Димитриевси имаше свои ставови и размислувања е причината поради што тој не е ставен на оваа листа на членови за на ЦО на СДСМ? Пошто нема никаква логика, како што кажав, се прават некои нелогични работи во последно време. Не е време за суети, не е време за хајки, треба сите заедно да се обединиме, да го решиме проблемот, што е како е во кого е проблемот. Во Централата ли е во Скопје, во општинската организација ли е и барам од работното претседателство да името на Максим Димитриевски го стави на листата предлог кандидати за ЦО, а до делегатите да се изјаснат дали се за или против, вели Станковски.

Куманово против Заев

Борис Станковски од ОО СДСМ Куманово на затворениот дел од Конгресот на СДСМ: "состојбите ескалираат во партијата. Раководството го елиминира градоначалникот Максим Димитриевски од Централниот одбор, сами си ги редите членовите на ЦО…."

#оставканаЗаев
#реформивоСДСМ

Posted by Реформи во СДСМ on Monday, May 17, 2021