Кадарот кој е стручен во областа на дигиталниот маркетинг, софтверскиот инжинеринг, финансискиот менаџмент, ИТ и ИКТ наскоро би имал нова можност за вработување доколку се исполни ветувањето на Владата и нова инвестиција во ТИРЗ.

Станува збор за австралиската „Емапта“ која својата прва инвестиција во Европа ја позиционира во Македонија. Глобалниот гигант на 6.000 квадратни метри во ТИРЗ 1 ќе гради деловен простор, а во наредните 10 години менаџментот планира да вработи над 850 млади високо образовани кадри од земјава. „Емапта“ во земјава е присутна веќе една година и има 30 вработени.

Според премиерот Ковачевски за успешноста на мултинационалната аутсорсинг компанија зборува неговото портфолио од 730 компании клиенти и 7.600 вработени ширум светот.

Со влезот на „Емапта“ во земјава се отвора нова поглавје во инвестицискиот план, вели директорот на ТИРЗ, Деспотовски.

Тој најави државна помош за компанијата, под услов компанијата да вработи 100 луѓе.

Компанијата обезбедува висококвалификуван кадар од областа на дигиталниот маркетинг, софтверскиот инжинеринг, финансискиот менаџмент, ИТ и ИКТ кадар. До крајот на инвестицискиот период само за плати менаџментот најавува дека ќе вложи над 15 милиони евра годишно.