Австриски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако при гранична контрола во неговото возило било пронајдено оружје и муниција.
„На 07.10.2026 во 18:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода П.Р.(62) од Австрија“, соопшти МВР.
При контролата и прегледот на кампер-возило „фиат“ со приколка, со австриски национални ознаки, кое го управувал 62-годишникот, биле пронајдени и одземени еден гасен пиштол, еден револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли.
„За настанот е запознаен јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира полицијата.
