Австрија на почетокот на февруари ќе воведе задолжителна вакцинација против ковид-19 за возрасни со закана од високи казни, изјави денеска австрискиот канцелар Карл Нехамер.
Тој рече дека е свесен за „чувствителноста“ на оваа одлука, што е прва во европа, но дека е во согласност со уставот и дека има фаза на приспособување што им овозможува на оние кои се двоумат да се вакцинираат до средината на март. На почетокот на февруари ќе се воведат контроли, а невакцинираните ќе можат да бидат казнети од 600 до 3.600 евра во случај на повторување на делото.
Австриската влада има големо мнозинство во парламентот, а покрај конзервативците и зелените, овој предлог го поддржуваат и лидерите на социјалдемократската и либералната партија. Против него е само екстремно десничарската партија.
Вчера, неколку десетици илјади луѓе протестираа против оваа мерка во главниот град Виена