Четиригодишно дете е тешко повредено откако во него удрил автомобил на улицата Живко Фирфов во Скопје.

Несреќата се случила вчера околу 17 часот, кога патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од 41-годишниот А.Д. од Скопје, го удрило детето.

Малолетникот со тешки телесни повреди бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што повредите биле констатирани од лекарите.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и се утврдуваат околностите под кои се случила несреќата.