Во САД, минатата недела беше одобрена третата доза на Фајзер / БиоНТек за сите лица над 65-годишна возраст, оние кои се повеќе изложени на вирусот поради природата на работата и лицата на возраст од 18 до 64 години со фактори на ризик за развивање на посериозна форма на болеста.
Бајден (78) првата доза ја доби на 21 декември минатата година, а втората на 11 јануари, што беше пренесувано во живо на телевизија за да го поттикне населението да се вакцинира.
Бајден денеска кажа дека неговата сопруга Џил, исто така, наскоро ќе ја добие дополнителната доза од вакцината.
Околу 60 милиони Американци имаат право на трета доза од вакцината, а од втората треба да поминат најмалку шест месеци.
Примајќи ја инјекцијата, Бајден ги отфрли критиките дека САД треба да им дадат повеќе вакцини на посиромашните земји пред да почнат со вакцинација во нивната земја.
–Ние ќе го направиме тоа што треба, рече тој.
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) се уште не го разгледала барањето на „Модерна“ за „засилувачката доза“, а „Џонсон и Џонсон“ се уште не аплицирале за неа.