Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше „искрен“ виртуелен разговор со индискиот премиер Нарендра Моди, но без приближување на ставовите за војната во Украина, тема што ги нарушува односите помеѓу Њу Делхи и Вашингтон.

– Претседателот јасно стави до знаење дека не е во интерес на Индија да го забрза и зголеми увозот на руски енергенси, што во моментов сочинува помал дел од нејзиниот увоз, и други суровини, истакна портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Додека Mоди истакнал дека ситуацијата во Украина е „многу загрижувачка“ и ја повторил ја поддршката за руско-украинските преговори.

САД се сомневаат дека Индија всушност и помага на Русија компензирајќи за некои санкции.

Русија е главниот снабдувач на Индија со оружје, ѓубриво, необработени дијаманти и нафта. Индија извезува фармацевтски производи, чај и кафе на рускиот пазар.