Претседателот на САД, Џо Бајден денеска одобри помош во оружје и други одбранбени средства во вредност од 200 милиони долари, соопшти Белата куќа.
Со ова одлука, вкупната американска безбедносна помош за Украина во текот на мината година изнесува 1,2 милијарди долари, изјави неименуван претставник на американската администрација.
Средствата може да се користат за оружје и други одбранбени средства од резервите на американското Министерство за одбрана, како и за воено образование и обука за помош на Украина.