Белгија побара од Германија да прими пациенти со коронавирус за да го олесни обемот на работа на белгиските единици за интензивна нега, објави новинската агенција Белга.
Шефот на белгиската служба за итни случаи Марсел Ван дер Аувера изјави дека повеќе болници во Белгија веќе немаат на располагање легла.
Постојат планови за лекување на пациенти во германската држава Северна Рајна-Вестфалија, која се граничи со Белгија. Федералната влада сè уште не била вклучена во планирање и организирање на трансфери на пациенти.
Според официјалните податоци, Белгија регистрирала скоро 450 нови инфекции на 100.000 луѓе во последните две недели.
Овој број е релативно понизок отколку во претходните недели, но бројот на смртни случаи се зголеми малку до просек од околу 40 на ден.