Британскиот јавен сервис Би-би-си следната недела ќе објави укинување на неколку стотици работни места во информативниот сектор, што е првиот чекор од најавените промени и радикално намалување на бројот на вработени со цел редуцирање на трошоците.
На сите сектори на медиумската корпорација им е наредено да ги намалат трошоците за една десетина за да заштедат стотици милиони фунти, а се очекува тоа да резултира со 2.000 откази, објави денеска „Фајненшл тајмс“ (Financial Times).
Според неименуваниот извор на британскиот дневен весник, најголемиот дел од трошоците на информатичкиот сектор се плати на вработените, па затоа намалувањата ќе доведат до непропорционално губење на работни места во овие тимови во споредба со другите сектори на корпорацијата каде што дел од заштедите може да се постигнат без отпуштања.
Британската влада разгледува нова форма на ТВ претплата, а една од опциите е да се прошири обврската за плаќање на приватните стриминг услуги што емитуваат програми на Би-би-си.
