Министерството за внатрешни работи информира дека утре во Скопје поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај.
За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“.