Бродот „Евергрин“ во вторникот утрината се попречи, на двата брега на каналот, откако ја загуби способноста да биде управуван поради силниот ветер и песочната прав, се наведува во соопштението на Суецкиот канал (СЦА).

Во моментов е блокиран сообраќајот во двата правца преку еден од најфрекфентните канали за испорака за стоки, масло, жито и други производи во светот, што ги поврзува Азија и Европа.

Компанијата за поморски услуги ГАЦ во текот на ноќта издаде соопштение до клиентите во кое наведува дека продолжуваат напорите за ослободување на бродот со бродови влекачи, но дека ветерот и големината на бродот ја „отежнуваат работата“.

Питер Бердовски, директор на компанијата „Боскалис“, кој е вклучен во ослободувањето на бродот, изјави дека е рано да се каже колку време ќе трае работата.

-Не можеме да исклучиме дека ќе трае неколку недели, рече Бердовски, додавајќи дека бродот е како огромен насукан кит. Неговата огромна тежина лежи на песокот. Можеби ќе треба да комбинираме влечења, отстранување песок и да ја намалиме тежината на самиот брод со отстранување контејнери, масло и вода од бродот.

Софтверот за следење бродови покажува пет бродови риморкери околу „Евергрин“ и уште три што се упатени кон него. GPS сигналот на бродот покажува само мали промени во положбата во текот на последните 24 часа.

Десетици бродови, вклучувајќи и други големи бродови со контејнери, танкери со нафта и за превоз на големо, што превезуваат жито, се наоѓаат на едниот или од другиот крај на каналот во една од најлошите поморски застои што не е виден во последните неколку години.

Низ Суецкиот канал, долг 163 километри, секојдневно минува приближно 30 проценти од светскиот сообраќај со контејнерски бродови и околу 12 проценти од вкупната светска трговија со сета стока.

Експертите предвидуваат дека доколку блокадата не може да се надмине во следните 24-48 часа, некои бродски компании ќе бидат принудени да ги пренасочат своите бродови околу јужниот дел на Африка, што патувањето ќе им го продолжи за околу една недела.