На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 2,12 долари во споредба со претходното затворање, на 64,07 долари. Вчера ја затвори трговијата со минус 2,48 долари.
На американскиот пазар, со барел денес се тргуваше за 2,16 долари повисоко, односно за 60,72 долари. Вчера, во моментот кога пазарот се затвори, беше соминус 2,62 долари .
Трговците вчера беа загрижени за изгледите за побарувачка во Европа поради новите мерки за заклучување со кои владите се обидуваат да го спречат ширењето на коронавирусот, па блокадата на Суецкиот канал поради заглавениот огромен брод падна во втор план.
Денес, фокусот се насочи кон Суец.
Египетската управа на Суецкиот канал во петокот објави дека маневрите за повлекување ќе продолжат по ископувањето што може да се заврши наскоро. Компанијата вклучена во работите во четвртокот изјави дека ослободувањето на каналот може да трае со недели.
Од вкупно 39,2 милиони барели нафта дневно во 2020 година што патувале по море, 1,74 милиони барели дневно поминале низ Суецкиот канал дневно, покажуваат податоците на компанијата за следење на транспортот на нафта Kpler.
Низ каналот поминале и 1,54 милиони барели нафтени деривати дневно, што одговара на околу девет проценти од светската трговија со деривати транспортирани по море, објави компанијата.
Поради блокадата во Суецкиот канал, цените на товарните танкери се скоро двојно зголемени оваа недела, а неколку бродови се пренасочени на подолги морски патишта.
Цените на пазарот на нафта се поддржани и од загриженоста за ескалација на геополитичките тензии на Блискиот исток. Јеменските Хути денес објавија дека започнале напади врз објекти во сопственост на саудиски „Aramco“.
Порастот на цените е поддржан и од очекувањата дека Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници најверојатно ќе ги задржат ограничувањата за снабдување на состанокот следната недела.
Една недела пред состанокот на ОПЕК +, Abu Dhabi National Oil Company дополнително ги намали испораките на азиските клиенти во јуни, од 10 до 15 проценти, по мајското намалување од пет до петнаесет проценти, според повеќе извори.
Одделно, ОПЕК на својата веб-страница утрово објави дека цената на барел од референтната корпа на нејзините членки во четвртокот изнесува 61,63 американски долари и не е значително променета во споредба со претходниот трговски ден.