Jавната седница по кривичниот предмет „Меѓународен сојуз“ што требаше да се одржи денеска е одложена бидејќи Бојан Јовановски – Боки 13 сè уште е во болница, соопшти Апелација.

Јавната седница пред Апелациниот суд Скопје по кривичниот предмет КОКЖ-153/22 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“ закажана за ден 24.04.2023 година, се одложи поради неможност на обвинетиот Б.Ј.од С. да присуствува на седницата по скоро извршена хируршка интервенција кој сеуште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега, додека за обвинетата Ј.Е. нема уредна достава, за што судот е известен од бранителот дека има промена на адреса непријавена во судот, по што е задолжен бранителот во рок од три дена да ја достави точната адреса, се вели во соопшението на веб-страницата на Апелациониот суд.

Јавнат седница е закажана за 5 јуни оваа година во 11 часот.

Минатиот месец, Боки 13 беше примен во Градската болница во Скопје каде му беше извршена хируршка интервенција за отстранување на желудникот, операција со висок ризик.

На Јовановски му се отстраните ткива со предканцерогени состојби, а отстранет е речиси целиот желудник.

Според лекарите оваа операција е високоризична и бара специјален режим на одржување постоперативно, а не се знае како пациентот ќе се опоравува.

Судот на почетокот на март го одби барањето на Јовановски да му се прекине издржувањето на затворската казна. Конзилиумот лекари во писма до јавноста истакнуваше дека во смисла на сериозноста, карактерот и интензитетот на болеста кај пациентот се препорачува и се дава задолжително упатство за понатамошно лекување и третман што би значело лекување во домашни услови веднаш по завршувањето на болничкото лекување и дека медицински е недозволливо да се лекува во пенални услови.