Експлозијата предизвикала материјална штета, а повредените се пренесени во тетовската болница

Двајца лица се повредени, а причинета е материјална штета откако рачна бомба била фрлена од автомобил во движење кон угостителски објект во селото Добарце, Тетовско.

Настанот бил пријавен вчера во 1:20 часот од Д.Ф. (51) од Добарце, кој пријавил дека од автомобил „цитроен“ во движење била фрлена рачна бомба кон неговиот ресторан, кој се наоѓа на локалниот пат во селото.

Од експлозијата биле повредени Е.А. (57) од селото Чифлик и Г.Ф. (60) од Добарце, кои во тој момент се наоѓале во кругот на ресторанот. Тие биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде им била укажана медицинска помош.

Полицијата пронашла чаури од пиштол

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово, при што биле пронајдени чаури од пиштол.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.