Не може под исто министерство да биде производството на струја и дистрибуцијата, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за РСЕ.

Божиновска зборува и за тендерите за РЕК, но и дека таму има поголем криминал од оној што е опфатен со аферата адитив.

Конечно Македонија доби Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и тоа е голем предизвик и енергетиката не е нешто што е краткорочно.

Наследивме големи проблеми во сите енергетски сектори и моментално работиме на изработка на Законот за енергетика и секако тука сме во зимскиот период. Значи најмногу фокусот е на обезбедување на електрична енергија за граѓаните. Правиме стратегии, краткорочни и долгорочни. Краткорочните се фокусирани на рударскиот комбинат РЕК Битола и снабдување на јаглен и ангажирање на сите енергетски капацитети.

Додека долгорочните е правање на нови капацитети. Крајот на минатата година потпишавме скоро 100 мегавати за изградба на зелена енергија и се надеваме дека ќе продолжи ова и понатаму.ж

Целото интервју на следниот ЛИНК.