Тој додаде дека денеска градот е типичен пример на „заевизмот”.
– Години наназад изговор за катастрофалната состојба во Општина Куманово се наоѓаше во централната власт на ВМРО-ДПМНЕ, сега по 4 години централна власт на СДСМ кој е виновникот?
Божиновски исто така запраша зошто Куманово сѐ уште не личи и не функционира како што прилега на најголемата општина во државата? Кој е изговорот сега, коментира тој, освен вашата неспособност и реализирање исклучиво на личен и партиски интерес.
СДСМ има апсолутна власт во Куманово. Денеска во 2021 година со искрено жалење можеме да кажеме дека нашата општина е под целосна контрола на СДСМ, поточно на една помала група која безмилосно владее на штета на сите граѓани. Затоа во Куманово не можеме да видиме изградба на ниту еден капитален проект, стратешко урбанистичко планирање, одржливи сообраќајни решенија, долгорочни еколошки политики, единствено што може да се забележи се кампањските шминкања пред изборите кои моментално се случуваат во општината. Нема ништо од ветените две детски градинки, ново основно училиште, нов цевковод Липково Куманово со кој требаше на долг рок да се реши проблемот со водоснабдување, петте катни гаражи во градот со кој требаше да се реши проблемот со паркирањето, и ветениот, а за жал нереализиран Генерален урбанистички план за општината. Замислете општина како Куманово во која со децении владее СДСМ нема ГУП и затоа во градот владее урбанистички хаос. Златно правило на СДСМ во Куманово е да се остави со години да пропаѓа целата инфраструктура во општината, за да неколку месеци пред локалните избори да отпочне шминка чија крајна реализација е незначителна и нема реално влијание во подобрување на животот на граѓаните. Граѓаните не се задоволни од работење на СДСМ, не се задоволни од 0 реализација на ветеното во изборната програма, незадоволни се од залудно потрошените 4 години, незадоволни се од празни зборови и неизброени лаги, вели Божиновски.
Додава дека повеќе од јасно е кога Куманово со СДСМ, Куманово нема перспектива.
– ВМРО-ДПМНЕ верува дека во нашата општина има сили и волја, конечно да излеземе од поданичкиот статус во кој не држи СДСМ цели 30 години. Оваа година исклучително ќе биде важно , сите заедно да ставиме крај на децениското пропаѓање на општината. Останаа уште неколку месеци до денот кога Куманово ќе отвори нова страница, без реваншизми и задкулисни игри, најдостоинствено, со заеднички сили и добри намери ќе ја градиме нашата општина.