Состојбата во државата е загрижувачка.
Де факто освен економската, и здравствената криза, земјава се наоѓа и во политичка криза. Секојдневието во Македонија е триесетина мртви и над 1.300 ново заразени. Први по смртност, последни по вакцини во Европа и светот. Први по степен на корупција, последни по реформи.
Очигледно е дека оваа Влада нема капцитет да ја води земјава, државата се наоѓа во деликатна и сложена состојба. Секој поминат ден е слободен пад и уште еден нов пораз. Граѓаните од политичарите очекуваат одговорност и превземање на крупни чекори.