Во поканата да дојдат жителите на другите земји немаше политика, ниту имаше политика во нивното доаѓање, изјави Брнабиќ за ТВ Хепи.

– Секој што дојде во Србија веруваше, ни веруваа и нам и им благодарам, изјави Брнабиќ.

Таа кажа дека се проценува дека Србија ќе мора да уништи 20.000-25.000 вакцини АстраЗенека бидејќи на почетокот на април им истекува рокот и додаде дека Србија не сакала да направи такво нешто, туку да му помогне на регионот со покана на граѓаните од други земји да се вакцинираат.

-Драго ми е што бевме солидарни, не само сега, туку и кога Александар Вучиќ донесе вакцини во другите земји, кажа Брнабиќ.

За три дена, во четврток, сабота и недела, со вакцината АстраЗенека имунизирани се повеќе од 22.000 странци, кои дојдоа или на покана на Стопанската комора на Србија или се регистрираа преку порталот на е-управа, изјави за РТС директорот на Канцеларијата за ИТ и е-управа, Михаило Јовановиќ, оценувајќи да Србијасо тоа одржала час на хуманост и солидарност.

Јовановиќ изјави дека во саботата се создале редици за вакцинација поради доаѓањето на странски државјани, затоа што странците кои биле повикани пристигнале сите заедно во исто време наутро.

-Затоа беше гужва, ако ја почитуваа поканата и времето што им го дадовме, сигурно немаше да има гужва. Во неделата во Белград беше многу подобро, кажа Јовановиќ.

Тој изјави дека во саботата била испратена порака до регионот дека сите странци кои не се поканети не треба да доаѓаат и дека треба да се регистрираат однапред преку порталот за е-Управа и дека ќе бидат поканети.

-Вакцинацијата на странци на никаков начин не влијаеше врз вакцинирањето на српските граѓани, бидејќи во истиот период, вакцинирани се повеќе од 28.000 наши граѓани, со вакцините на Спутник, Синофарм и Фајзер, изјави Јовановиќ.